Замјотрес од 4,4 степени по Рихтер почувствуван во Крит

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтер е регистриран синоќа во морскиот регион југоисточно од грчкиот остров Крит, пренесува МИА повикувајќи се на њуз.ин.

Потресот е почувствуван и во регионот на Јерапетра и на југоисточниот брег на островот. Нема податоци за жртви и материјална штета.

Според сеизмолошкиот институт во Атина епицентарот на потресот бил во морето на 42 километри западно од Јерапетра и на 54,7 километри југоисточно од Ираклион, административниот центар на островот.

Минатата недела сличен земјотрес со интензитет од 4,7 степени по Рихтер го погоди овој регион.