среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 45

ЗАМП: Само авторите кои донесоа забрана можат да ја отповикаат

Според ЗАМП, на Министерството за култура му биле потребни 43 дена за да донесе решение кое не се потпира на ниту еден правен аргумент, освен единствено на аргументот на силата, со што се запира од извршување одлуката на ЗАМП за забрана за радиодифузно емитување на авторски музички дела.

zamp

Последни вести

Единствено авторите кои ја донесоа забраната можат да ја отповикаат, реагира ЗАМП по вчерашната одлука на ресорот за култура за ставање вон сила на забраната за емитување домашна музика.

Според ЗАМП, на Министерството за култура му биле потребни 43 дена за да донесе решение кое не се потпира на ниту еден правен аргумент, освен единствено на аргументот на силата, со што се запира од извршување одлуката на ЗАМП за забрана за радиодифузно емитување на авторски музички дела.

Од ЗАМП информираат дека поради основани сомневања за несовесно вршење на служба и злоупотреба на службената должност, против одговорните лица во Министерството за култура ќе поднесат кривични пријави до јавното обвинителство.

Решението за запирање од извршување на одлуката со која се забрани јавно емитување домашна музика е непримерен обид на Министерство за култура да ги сокрие сопствените непостапувања согласно со законот, информираат од ЗАМП.

Најчитани вести