Занети ги закачи копачките, дерби во Рим

Убедливата победа од 4:1 која фудбалерите на Интер ја забележаа во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Лацио е во сенка на легендарниот капитен на “нероазурите”, Хавиер Зенети кој го одигра последниот натпревар на „Џузепе Меаца”,

Аргентинскиот интернационалец следната недела и официјално ќе стави крај на 19-годишната кариера, а истата ќе ја памети по сите можни трофеии кои ги освои на домашната и меѓународната сцена.
Кога се во прашање денешните натпревари од 37. коло во италијанската Серија А, убедливо најголемо внимание привлекува пресметката на “Олимпико”, помеѓу вицешампионот на Италија, тимот на Рома и старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Фудбалерите на Милан пак имаат обврска да забележат триумф на незгодното гостување во Бергамо, а поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев повторно ќе добие шанса да биде дел од првиот тим на Наполи кој ќе се обиде да забележи позитивен резултат на гостувањето во Џенова.
Денеска на програмата: Болоња – Катанија, Калјари – Киево, Сасуоло – Џенова, Рома – Јувентус, Сампдорија – Наполи, Аталанта – Милан, Ливорно – Фиорентина, Торино – Парма.