Занети потпретседател на Интер

Легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети во следните две сезони ќе ја извршува потпретседателската функција во редовите на италијанскиот калчо гигант, а новиот сопственик на “нероазурите”, Ерик Тохир потврди дека клубот ќе го повлече дресот со бројот четри кој беше заштитен знак на аргентинскиот интернационалец.

„Постигнавме договор со Хавиер Занети тој да биде потпретседател на Интер. Воедно, донесена е и одлука дресот со број четири што Аргентинецот со години го носеше, од следната сезона да биде повлечен од употреба. Занети не само како човек, туку и како играч има оставено силна трага врз нашиот клуб и горди сме што тој и во иднина ќе биде еден од нас“, изјави Тохир.