Занети заинтересиран за нова соработка со Мурињо

Легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети, непријатно ги изненади најверните фанови на италијанскиот калчо гигант со изјавата дека е можно да си замине од Милано на крајот од актуелната сезона.

„Интер ми има дадено се што сум посакал во мојата професионална кариера и горд сум на тој успех. Оваа сезона сакав да се вратам на зелениот терен после тешката повреда и да покажам дека се уште сум корисен, дека можам да играм и дека можам да му помогнам на мојот тим. Кога е во прашање иднината на Интер, најважно од се е да избориме пласман во Европа и да имаме позитивен финиш во националниот шампионат. Потоа ќе видиме што ќе биде со мене, но јас сум тука, подготвен сум за помош. Вечно ќе трае оваа врска која ја имам со Интер. На крајот од актуелната сезона ќе имам состанок со сопственикот на Интер, Ерик Тохир и двајцата ќе одлучиме што е најдобро за Интер”, изјави Занети.

Аргентинскиот ветеран е во центартот на фудбалското внимание и поради сензационалната шпекулација дека во новата сезона ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи и дека истовремено ќе му биде помошник на актуелниот менаџер на „сините”, Жозе Мурињо.