Занимливости за порно филмовите

Порно филмовите постанаа сосема нормална појава, не само во машкиот туку и во женскиот свет. Не постои некој кој барем еднаш во животот не гледал такви филмови. Имено, многу двојки гледањето на овие филмови го сврстија во својот сексуален живот како дел од предиграта и жешките игри кои претходат на водењето љубов. Кога станува збор за порно филмовите, постојат голем број на занимливости кои се однесуваат на оваа пикантна сфера на сексот.

Порнографијата може да ја помати перцепцијата за сексот

Честопати сексот во реалниот живот е премногу здодевен и едноставен во однос на порнографските содржини. Ова најчесто им се случува на мажите кои понекогаш сакаат сексот повеќе да наликува на односите кои ги гледале во порно филмовите.

Порнографијата го претвора сексот во мастурбација

Претераното гледање на порно филмови може да влијае на тоа, сексот да постане самозадоволување така што не се давате во потполност на партнерот и се губи инитмноста.

И жените гледаат порно филмови

Голем број на жени уживаат во порнографски содржини. Истражувањата покажале дека секој трет кој сурфа по интернет во потрага по порно филм е  жена.

Порно актерите заработуваат помалку од порно актерките

Порно индустријата е една од ретките во светските индустрии во која жените во просек заработуваат многу повеќе од мажите.Додека мажите во просек заработуваат 40 илјади долари годишно, жените се многу подобри во заработувачката од 100 до 250 илјади долари годишно.

Гледаност и побарувачка

Во овој момент 30 илјади луѓе гледаат порно филмови. За да се задоволи некоја побарувачка , на секои 39 минути се снима нов филм.

Најголемиот број на мажи се среќаваат со порнографијата на 10 години

Во модерно време кога интернетот е се подостапен, многу машки деца со порнографијата се сретнуваат на 10 годишна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.