петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 39

Западен Балкан на листата „безбедни земји“

Европскиот парламент почна процедура за создавање на заедничка европска листа на „безбедни“ земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави односно целиот регион на Западен Балкан и Турција, пренесува МИА.

zapaden-balkan

Поврзани вести

Европскиот парламент почна процедура за создавање на заедничка европска листа на „безбедни“ земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави односно целиот регион на Западен Балкан и Турција, пренесува МИА.

Ако се усвои листата тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите-членки на Европска унија. ЕП со тоа се надева дека со листата ќе се намали притисокот од барателите на азил во земјите-членки на ЕУ.

Според податоци на ФРОНТЕКС, само минатата година и само од Косово во ЕУ пристигнале и побарале азил 24.000 луѓе.

Комитетот за правда и граѓански слободи во ЕП ја покрена иницијативата за создавање на  на „безбедни“ земји од Западен Балкан и Турција.

Иницијативата е во зачеток и се очекуваат полемики кој и како ги исполнува критериумите за да се најде на листата.

Најчитани вести