Западни служби: Илјадници агенти од исламските земји делуваат во БиХ

Според информациите на западните разузнавачки служби, во Босна и Херцеговина дејствуваат 650 припадници на иранската разузнавачка служба, но и шпиони од некои други земји, пишува Јутарњи.хр, а пренесува НетПрес.

Разузнавачките служби во БиХ располагаат уште со 330 имиња на странски шпиони, што значи дека моментално во оваа земја има активно делување на околу 1.000 припадници на разузнавачкте служби на исламските земји.

Целата оваа приказна влече корени уште пред војната во Босна, кога иранските власти веднаш започнале со воспоставување на добри односи со Партијата за демократска акција, која тогаш ја водел, Алија Изетбеговиќ, а сега на чело е неговиот син Бакир, кој е по вторпат избран во Претседателството БиХ. Иран веднаш ги понудил своите услуги вклучувајќи и воени и разузнавачки, без оглед на тоа дека станува збор за шиитска држава, додека босанските муслимани се сунити.

alija-izetbegovic-foto-reuters-1414355045-584584

Меѓутоа, Техеран тогаш сфати дека му се пружа единствена прилика во срцето на Европа да воспостави ќелии преку кои би можел да ги координира своите операции на овие простори. Во овој план се најде и Хрватска, па Иран многу брзо ја признала самостојноста на Босна и Херцеговина и отвори амбасада со голем број на дипломатски персонал, несразмерно ниво на односите на двете земји. Денеска тој број е намален.

Освен тоа, во Хрватска била воспоставена широка мрежа на „хуманитарни“ организации, кои им нуделе помош на голем број на бегалци, пред се во БиХ. Набрзо се покажало дека голем број на овие организации се занимава со разузнавачки активности.

piter-galbrajt-foto-printscreen-yt-1414355329-584585

Затоа Владата во Загреб на голем број од овие организации им ја укинала дозволата за работа. Сепак, некои останале активни и поврзани со операцијата на вооружување на босанските муслимани во 1994 година од Иран во која учествуваа и тогашниот американски амбасадор во Хрватска, Питер Галбрајт со тивка поддршка на хрватската власт.

БиХ е под притисок од Западните разузнавачки служби дека преземала чекори за ублажување на овој случај. Сараево дури минатата година протера двајца ирански дипломати. Но, ситуацијата не е смирена. Иранската тајна служба воспоставила и гради силни контакти и со вахабистите во Горна Маочи, иако таа фракција спаѓа во непријателска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.