Балкан

Западот бара и Србија да воведе санкции кон Русија

Западот бара и Србија да воведе санкции кон Русија

Западните земји бараат од идниот премиер на Србија, Александар Вучиќ да се придружи кон членките на ЕУ и да воведе санкции против Русија поради кризата на Крим, пишува „Вечерњи новости“.

Конкретно, од српската влада се бара во форма на изјави да се придружи на Брисел и Вашингтон во јавната осуда на Кремљ, но и во формалните потези кои Европа и Америка ќе ги преземат против власта на рускиот претседател Владимир Путин, наведуваат „Новости“.

Изворите на овие медиуми наведуваат дека врвот на тој дипломатски притисок ќе биде 31 март, кога Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ во Брисел ќе разговараат со високи претставници за европска безбедност во соработка со Кетрин Ештон, во продолжувањето на дијалогот со Приштина.

„Новости“ исто така наведуваат дека и западната дипломатија не сака, во случај на втора студена војна меѓу Исток и Запад,  Србија да има позиција во која нејзината економија би ги користела сите предности на специјални врски со Русија.