Западот бара објаснување за руската интервенција во Источна Украина

Западот го зголеми притисокот врз Москва за да го објасни тоа што американски официјални личности го оценуваат како директна интервенција на руската војска во источна Украина.

Во денешната порака на твитер Џефри Пјат наведува дека „зголемен број руски војници директно интервенираат во борбите на украинска територија“. Германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара објаснување во врска со наводите за влегувањето на руски војници во Украина. Стејт департментот соопшти дека постојат сомневања дека во источна Украина била во тек контраофанзива раководена од Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.