Западот и’ сугерира на Србија да не бара отштета за бомбардирањето

Западот и сугерира на Владата во Белград да не бара отштета за бомбардирањата извршени во текот на 1999 година, пишуваат западните медиуми.

САД и нивните сојузници кои беа вклучени во воените опеарции против режимот на Слободан Милошевиќ порачуваат дека Србија „не треба да очекува репарации“ за случувањта од пред 15 години, но дека Белград сега би можел да очекува „целосна поддршка“ од Западот во секторот на вработувањето и кај економските реформи.

Од властите во Србија се бара да се насочат кон иднината и кон она што доаѓа, а не кон минатото.

Само САД од 2000 година имаат доделено материјална помош од преку една милијарда долари. Западните медиуми кои се повикуваат на дипломатски извори забележуваат дека сплет од низа околности доведе до бомбардирањето на Белград и на делови од Србија.

Европските експерти проценуваат дека оваа балканска земја нема да влезе во ЕУ пред 2020 година, но дека до тогаш во Европа и во ЕУ би можеле многу работи да се случат.

САД и западните европски сојузници, затоа бараат од Владата во Белград да го продолжи започнатиот дијалог со Приштина, инсистирајќи дека негување добри српско-косовски односи не значи признавање на независноста на Косово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.