Западот во паника поради војници на Русија во Сирија

Војници на Русија активно учествуваат во воени операции во Сирија, изјавиле тројца неименувани либански извори, од кои едниот дополнил дека руското учество засега е „малубројно“, објавува новинската агенција „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Според објавеното има мал број војници на Русија, но наводно пообемни сили дополнително ќе се вклучат во конфликтот.

– Има определен број руски војници, кои дејствуваат во Сирија, но тие сеуште не се стабилно вклучени во битката со тероризмот. Учествуваат во воени операции. Станува збор за нешто повеќе од советничка улога, објавува „Ројтерс“ изјава на еден од своите неименувани извори.

Официјално, Сирија негира дека во воени дејствија се вклучени војници на Русија.

Москва денеска соопштила дека во Сирија има војници на Русија, односно специјалисти кои помагаат за руските доставки на оружје за потребите на Дамаск. Според официјалната информација од Кремљ, доставките на оружје се предзначени за борба против тероризмот.

vojnici na rusija vo sirija
Војници на Русија во Сирија, Западот во паника

Вашингтон исто така соопштува дека Русија значително го засилува своето присиство во Сирија, најверојатно со намера да му помогне на својот сојузник – сирискиот претседател Башар Асад.

Официјални американски претставници за „Ројтерс“ ијавиле дека Русија во Сирија испратила два десантни брода и дополнителна авионска техника. Според нив, во изминативе 24 часа во Сирија биле распоредени мал број војници на Русија, припадници на поморските сили.

Претставниците на Вашингон, кои исто така сакале да останат анонимни, дополниле дека воените руски бродови се вкотвиле во пристаништето во градот Тартус. Дополнителната авијација, пак, се стационирала во градот Латакија, кој се наоѓа северно до Тартус, и кој е утврдување на Асад.

Според објавените информации очигледно е дека Западот е во паника поради војници на Русија во Сирија.

Информациите за засилување на воената активност на Русија во Сирија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги смета како причина за тревога.

– Вознемирен сум од информациите за зголемување на руското воено присуство во Сирија. Тоа нема да придонесе смирување на конфилктот. Мислам дека е важно да се поддржат ситенапори за изнаоѓање на политичко решение на конфликтот во Сирија, рекол Столтенберг при својата посета на Прага.

Официјално и Белата куќа изразила „длабок немир“ од информациите дека Русија испратила воен персонал и авиација во Сирија, и дополнува дека внимателно ја следи ситуацијата.

– Најважно за нас е дека би поздравиле конструктивен руски придонес кон напорите за борба со Исламска држава, но даваме јасно до знаење дека би било неодговорно за секоја страна, вклучително и за Русија, да покажува каква и да е поддршка за Асад, изјавил Ерик Шулц, портпарол на Белата куќа.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изразил вознемиреност од информациите за воените дејствија на Русија во Сирија.

Кери дал јасно до знаење дека ако информациите се точни тогаш „тоа може да доведе до поголемо насилство, кое вооптшо не му е никому од корист“, во меѓународните напори за запирање на конфликтот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.