Запален автомобил на советник од ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Засега непознати лица рано изутринава, 40 минути по полноќ, го запалиле автомобилот на актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, пишува Нова Македонија.

Неофицијално, весникот повикувајќи се на сопствени извори пишува дека станува збор за автомобилот марка „ауди“ на актуелниот советник на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Милошевски, инаку, екс-координатор на  ВМРО-ДПМНЕ и првиот градоначалник на Битола по осамостојувањето на Македонија.

Пожарот го забележале соседи на советникот, кои веднаш пријавиле во полиција на местото на пожарот пристигнала и противпожарната единица која брзо го локализирала истиот.

Изгорен е внатрешниот дел од возилото, оштетена е и каросеријата. Полицијата поведе истрага против лица за кои се сомнева дека го подметнале пожарот, а истрага нареди и основниот јавен обвинител.