Запален автомобил во Крива Паланка

автомобил

Како што информира командирот на територијална противпожарна единица Крива Паланка Иле Коцевски, по примена дојава за запалено возило на обиколницата на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на бензинската пумпа, до пристигнување на противпожарна екипа возачот го локализирал пожарот, а пожарникарите го ликвидирале.

Станува збор за патничко моторно возило, марка мерцедес.

Причината за настанување на пожарот е неисправна инсталација на возилото, а настаната е голема маетеријална штета, додаде Коцевски.

Ова е втора интервенција на ТППЕ Крива Паланка месецов. Од почетокот на 2017 пожарникарите интервенирале на дојава за пожар во стан на улица „Св.Јоаким Осоговски“, но станувало збор за чад од запален оџак во два стана во колективна станбена зграда. На 5. јануари имале и една техничка интервенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.