Македонија,Крими хроника

Запален „мерцедес“ во Тетово

Запален „мерцедес“ во Тетово

Непознат сторител му го запалил „мерцедес“-от на тетовец.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска бил опожарен автомобилот на тетовец.

Според информациите од полицијата околу еден часот по полноќ непознат сторител со запалива течност предизвикал пожар на автомобилот „мерцедес“ сопственост на 40-годишниот М.М. паркиран на улицата Иво Лола Рибар во Тетово.

Пожарот го изгаснал синот на оштетениот тетовец.

Полицијата работи на откривање на сторителот и мотивот за инцидентот.