Запален олимпискиот пламен, по една седмица пристигнува во Кореја

Одбројувањето до почетокот на зимските Олимписки игри коишто ќе се одржат во корејскиот Пјонгчанг започна со палењето на олимпискиот пламент во древната Олимпија, колепката на античките игри.

Запален е, според древната традиција, пред храмот на божицата Хера. Меѓутоа, овојпат поради облачното и врнежливо време тоа не беше можно да се направи со сончевите зраци со помош на конкавни огледала. Грчката актерка Катарина Лекоу во улогата на древна свештеничка на богот Зевс, факелот го запали на пламен од мал керамички сад кој е запален во понеделникот во текот на пробата.

На свечената церемонија присуствуваа стотина гости, меѓу кои и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, претседателот на Грчкиот олимписки комитет, Спирос Капралос, јужнокорејскиот премиер Ли Нак-јонг, претседателот на Корејскиот олимписки комитет, Ли Ји-хеунг, како и претседателот на Организацискиот комитет на игрите, Ли Ки-беом.

„Олимписките вредности на мирот, почитуањето и разбирањето се важни во нашиот кревок свет. Олимписките игри се симбол на надеждта и мирот. Тоа е наследство коешто денес го цениме“, рече челникот на МОК.

Ли Хи-беом истакна дека со палењето на факелот зимските Олимписки игри стануваат стварност. „Нашиот сон за одржување на зимските олимписки игри сега стана јаве. Подготвени сме да го поздравиме светот и да ја шириме пораката на мирот и хармонијата“, рече.

Прв факелот го презема грчкиот репрезентативец во скијачко трчање Апостолос Ангелис кој потоа го предаде на јужнокорејската фудбалска икона Парк Ји-сунг.

Факелот низ цела Грција ќе патува осум дена. За тоа веме ќе го носат повеќе од 500 луѓе кои вкупно ќе минат 2.129 километри. Факелот официјално ќе им биде предаден на организаторирте на ЗОИ, следниот вторник на стадионот „Панатинаико“ во Атина, медтото на одржување на првите Олимписки игри на модерното време во 1896 година.

Факелот потоа го очекува 8.500 километри долг пад до Инчеон во Јужна Кореја, каде на 1-ви ноември ќе бидат одбележани 100-те дена до почетокот на игрите. Во јужна Корерја олимпискиот фајел како штафета ќе мине низ девет покраини и осумпоголеми градови. На Олимпискиот стаион во Пјонгчанг ќе пристигне на 9-ти февруари, на денот на почетокот на игрите, коишто ќе траат до 25-ти февруари 2018 година.