Опожарена кафеаната „Катана“ во Козле

Пожар бил подметнат рано утринава во угостителскиот објект „Катана“ лоциран на улицата „Мите Поп Јорданов“ во скопско Козле.

Од полицијата денес информираат дека сопственикот на кафеаната околу 3:20 часот пријавил пожар во неговиот угостителски објект.

Противпожарни екипи веднаш излегле на лице место и го изгаснале пожарот од кој изгореле телевизор, дел од тенда и пластична решетка. Од снимките од видео надзорот било утврдено дека непознато лице фрла шише со запалива течност кон објектот.

Полицијата извршила увид на местото и трага по сторителот со цел расчистување на случајот.