петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Запалена православна црква во центарот на Сараево

Saraevo

Последни вести

Дел од православната црвка Преображение Господово во строгиот центар на Сараево била запалена утрово, откако низ прозор била фрлена запалива материја, објавија Независни новини.

Парохот Јадран Даниловиќ изјави дека тој и верниците утрово околу 8 часот, при доаѓањето на богослужба, намирисале чад. Веднаш била повикана полицијата и противпожарната бригада, кој го изгаснала оганот.

Даниловиќ изјавил дека во пожарот е направена поголема материјална штета. Полицијата извршила увид. Оваа црква претходно била мета и на крадците, а оваа година во два наврати од неа се украдени икони.

Најчитани вести