Запалена републиканска канцеларија во САД

партија

Шише со запалива течност било фрлено преку прозорецот на зградата, јавија локалните власти.

Истовремено некој со спреј нацртал свастика на зграда, која и припаѓа на Републиканската партија и напишал: „Републиканци нацисти, напуштете ги градовите инаку лошо ви се пишува“.

Во пожарот, кој се случи 25 дена пред претседателските избори во САД бил опожарен мебелот.

Координаторот на републиканците за оваа сојузна држава Далас Удхаус изјави дека никој не настрадал, но оти се испратени предупредувања за зголемување на безбедноста на сите партиски канцеларии.

Кандидатот на републиканците за американски претседател Доналд Трамп, пак, ја обвини својата соперничка Хилари Клинтон за опожарување на канцеларијата во Северна Каролина.

Милијардерот го опиша вандалскиот акт како израз на страв на демократите дека тој ќе победи на претседателските избори.

– Животни, претставници на Хилари Клинтон и демократите во Северна Каролина, фрлија Молотови коктели во нашата канцеларија во Оринџ Каути, бидејќи ние победивме, напиша Трамп на Твитер.

Претходно Клинтон го осуди нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.