Запалено БМВ во скопско

Во периодот од 07 до 08.01.2015 година од 17,30 до 03,30 часот, во скопското село Света Петка, било пријавено дека настанал пожар во патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистерски ознаки сопственост на И.А.(51).

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот како и за откривање на причините кои довеле до опожарување на возилото.