Запалено знаме на Алијансата на анти-НАТО протести во Скопје

Неколкумина активисти на Левица и неколку десетици приврзаници на Семакедонскиот конгрес Македониум во скромна бројка на одделни протести во четврткот протестираа пред Собранито, по повод посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Република Македонија,

Денонстрантите протестираа додека во парламентот траеше обраќањето на генералниот секретар на Алијансата НАТО, Јенс Столтенберг. Протоа, демонстранти од Македониум на крајот од протесто запалија и едно знаме на НАТО, а со свирежи ги дочекаа и испратија премиерот и владините министри.

На одвоениот протест, Левица со неколкумина членови протестираа против глобалистичката политика на НАТО, додека најголемиот дел од присутните беа од организацијата Македониум кои протестираа против промената на името, законот за јазици и договорт со Бугарија.

На протестот се појавија и поранешниот дипломат Филип Петровски и екс-пратеничката Солза Грчева, а тие изразија негодување и поради големиот број полицајци кои го обезбедуваа Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.