сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 46

Запленет над еден тон колумбиски кокаин покрај брегот на Салвадор

Во операцијата се уапсени 12 лица, вклучувајќи и еден жител на Еквадор, двајца Колумбијци и деветмина жители на Гватемала.

Запленет над еден тон колумбиски кокаин покрај брегот на Салвадор

Запленет над еден тон колумбиски кокаин покрај брегот на Салвадор

Поврзани вести

Над еден тон кокаин беше запленет синоќа покрај бреговите на Салвадор на четири моторни чамци, кои ја пренесувале дрогата од Колумбија за Централна Америка, соопшти колумбиската полиција.

Во заедничката полициска операција на Колумбија и Салвадор запленети се 1.122 килограми кокаин. Чамците биле во близина на границата со Гватемала.

Во операцијата се уапсени 12 лица, вклучувајќи и еден жител на Еквадор, двајца Колумбијци и деветмина жители на Гватемала.

Според првичните информации чамците отпловиле од јужниот дел на Колумбија, која е најголемиот светски произведувач на кокаин.

Најчитани вести