Македонија,Крими хроника

Запленет златен накит на аеродромот Александар Велики

Запленет златен накит на аеродромот Александар Велики

Царинската управа заплени 1,1 кило злато и 12 рачни часовници на скопскиот аеродром Александар Велики.

Златото и часовниците се запленети од македонски државјанин кој пристигнал од Истанбул. Во кутијата со лекови, која ја носел со себе, најдени се повеќе кесички со златен накит и рачни часовници.

Меѓу златниот накит имало 163 прстени, 33 алки, 33 синџирчиња, 46 приврзоци, 66 обетки, 3 игли за кравата и 12 рачни часовници.