Запленета облека вредна 100 илјади евра под сомнеж дека е фалсификат

Околу 2.500 парчиња облека и обувки се запленети поради сомневање дека се фалсификати.

Производите биле од Турција, а биле запленети вчера на граничниот премин Богородица во возило со македонски таблички. Робата била наменета за увозник од БиХ.

Вредноста на производите во малопродажба би достигнала 99.975,00 евра или над 6 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.