Македонија,Крими хроника

Запленети 1.200 чифта патики на Богородица

Запленети 1.200 чифта патики на Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица привремено задржаа 1.200 чифта патики поради сомневање дека се фалсификат.

На 24-ти јануари оваа година, околу 20 часот, на Царинска испостава Богородица со транзитна декларација пријавени се обувки со потекло од Кина, натоварени во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Стоката која требало да транзитира низ територијата на Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. При спроведената контрола, во возилото меѓу пријавените обувки, царинските службеници пронајдоа 1.200 чифта брендирани патики за кои постои сомневање дека се фалсификати. Доколку производите би се продавале како оригинали би достигнале вредност од 120 илјади евра.

 Поради основано сомневање дека стоката повредува права од интелетуална сопственост царинскиот орган привремено ја задржа и согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост ќе поведе постапка за утврдување на оригиналноста на истата.

 Новоназначената директорка, Наташа Радеска Крстевска ги посети царинските магацини на Богородица каде преку директна средба со царинските службеници се запозна со деталите за првата поголема заплена од нејзиното доаѓање.