Запленети 10 килограми хероин на граничниот премин „Прешево“

Албански државјанин е уапсен синоќа со 10 килограми хероин при обид од Македонија да влезе во Србија.

Шверцерот бил фатен од српските гранични служби на граничниот премин Прешево откако со мобилен скенер бил откриено дека во возилото со кое управувало лицето имало дрога.