Македонија,Крими хроника

Запленети 12 илјади евра на Табановце

Запленети 12 илјади евра на Табановце

Царинската управа на Граничниот премин Табановце заплени 12 илјади евра. Парите се откриени при претрес на автомобил на албански државјанин, со албански регистарски таблички.

Имено, албанскиот државјанин, при излез од државата пријавил дека со себе има само 10 илјади евра, а по личниот претрес, кај него се пронајдени 22 илјди евра за кои не поседувал потврда за внесени готови пари, издадена од Царинската управа.

На патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите 12 илјади се задржани.