ВИДЕО: Запленети 139 килограми марихуана скриена во даски

Голема количина на марихуана скриена во даски, специјално издлабени за дрогата да мине преку граница незабележана, вчера беа откриени на Граничниот премин Делчево.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска појасни дека вчера во товарниот дел на граничниот премин се откриени вкупно 139 килограми марихуана која била сокриена во даски кои биле користени како амбалажа во камионот. Таа вели дека дрогата била скапувана во 280 пакувања и засега немаат информации од каде потекнува, но се претпоставува дека е од Албанија.

Според министерката, дрогата е наменета за западноевропскиот пазар и истата може да достигне цена до 1,5 милион евра.

Приведени се четири лица од кои три од Велес и едно од Скопје. При претрес на нивните домови биле најдени алати кои ги користеле за длабење на даските.

Јавната обвинителка Вилма Русковска истакна дека е поднесена кривична приајва против четири лица и даден е предлог за притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.