Запленети 15 килограми марихуана на г.п. Ќафасан

ќафасан

Според албанската полиција, македонските власти го уапсиле Арбен Башлари(53) од Подградец во чиј автомобил „волво“ била откриена дрогата.

Во акцијата насловена „Селек“ релизирана во соработка на албанската и македонската полиција, од македонската страна на преминот биле вратени четири лица исто така од Подградец. Четворицата биле во возило „мерцедес“ кое се движело веднаш зад волвото. За сите нив албанската полиција имала сознанија дека се занимаваат со шверц на дрога, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се полициски извори.

При контрола на домовите на овие четири, во домот на двајца браќа биле пронајдени и запленети 10 килограми марихуана, автомат и 27 куршуми.