Запленети 21.900 евра на Табановце и Богородица

Царинската управа информира дека во текот на минатата недела во две одвоени акции едната на граничниот премин Богородица и една на Табановце запленети се вкупно 21.900 евра.

Според Управата 18.900 евра, се откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата. Кај царинските службеници возачот пријавил дека со себе носи 9.000 илјади евра, но при извршената контрола, во преградата помеѓу предните седишта, биле пронајдени уште 19.900 евра, за кои возачот не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во Република Македонија.

Три ијади евра, се откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата. Возачот при царинската контрола изјавил дека нема што да пријави, но при извршениот личен претрес, во преден џеб од неговите панталони, биле пронајдени 5.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.