Запленети 214 парчиња машка долна облека

Церинската управа инфомира дека дека во текот на минатата недела запленети се 1.255 метри квадратни ткаенина од синтетика и памук, откриени од страна на Службата за надзор на иматели на одобренија при Царинарница Штип, при контрола на фирма од Штип, имател на одобрение за постапки со економски ефект – привремен увоз за облагородување. Задржаниот репроматеријал, пронајден во производствените погони на фирмата, не бил евидентиран во книговодствената евиденција и немало доказ дека за истиот се платени увозните давачки.

На граничниот премин Богородица запланети се и 214 парчиња машка долна облека од марките Yubebe, CM, GK и Uomo, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во неколку кеси сместени под долниот кревет, во кабината на возилото.

Исто такам, запленети се и 140 ролни алуминиумска фолија и 130 готови текстилни производи (тексас кошули, панталони, елеци, женски јакни и блузи), откриени во два одвоени случаи, на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на две патнички возила со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.

Во првиот случај, во 4 патни торби, сместени во багажниот простор на патничко комбе биле пронајдени 140 ролни алуминиумска фолија, 21 женска јакна и 5 женски блузи, а во вториот случај, во три куфери, сместени во багажникот на патничко возило, биле пронајдени 64 тексас кошули, 20 пара панталони и 20 елеци.