Запленети 21килограм кокаин во Грција

кокаин

Според грчките медиуми, полицијата добила информации дека дрогата се наоѓа во камион, кој од Италија со тракет прстигнува во грчкото пристаниште Патра.

Откако камионот пристигнал, полицијата го следел до Коринт каде требало да биде предадена дрогата. При полициската контрола во камионот бил пронајден пакет со 21 килограми кокаин.

Полицијата ја продолжува акцијата во Атина, Аксаија и Коринт, каде се врши контрола во повеќе објекти.

Во исто време, албанските медими јавија и дека германската полиција во близина на градот Пасау во Баварија, запленила 230 килограми марихуана, кои се наоѓаче во камион со албански регистарски таблички, управуван од 57-годишен Албанец.

Според германската полиција, дрогата била натоварена на камионот во Италија, а нејзина крајната дестинција била Холандија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.