четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 49

Запленети 26.849 парчиња пиротехнички средства

petardi

Поврзани вести

Кривични пријави се поднесени против две лица, а против нив се поднесени четири Барања за поведување прекршочна постапка.

Во текот на овој месец од страна на СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, полициските станици од општа надлежност „Центар“ и „Бит пазар“, како и Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“, превземени се мерки и активности за сузбивање на недозволена трговија со експлозивни материи (петарди и други пиротехнички средства), при што се запленети вкупно 26.849 парчиња пиротехнички средства.

Од страна на Едниницата за недозволена трговија, по претходно изработен План за преземање на мерки и активности за сузбивање на препродажба на експлозивни материи (петарди и други пиротехнички средства) реализирани се две кривични дела “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ при што се пронајдени и одземени вкупно 23.100 парчиња пиротехнички средства.

Во првиот случај кај А.И. (59) од Скопје, при извршен преглед и претрес на моторно возило на ул. „Славеј Планина“ пронајдени се и одземени вкупно 10.600 парчиња пиротехнички средства, додека во вториот случај М.М. (29) од Скопје е забележан при пренесување на пиротехнички средства во количка на ул. „Отокар Кершовани“ и по извршениот преглед, пронајдени се и одземени 12.500 парчиња различни видови на петарди и пиротехнички средства.

На подрачјето на ПС ОН Центар, регистриран е еден настан на нелегална продажба на пиротехнички средства, прекршок казнив по член 69, став 4 од Законот за заштита од експлозивни материи, за што до надлежниот Суд за прекршоци  поднесени се барања за поведување на прекршочна постапка против С.К. (20), Б.О. (20), Ф.С. (26) и еден 14 годишен малолетник, кај кои на 15-ти овој месец при направен личен пеглед на крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, пронајдени и одземени се вкупно 326 парчиња на петарди и пиротехнички средства.

На подрачјето на ПС ОН Ѓорче Петров, по преземани мерки и активности за сузбивање на нелегалната продажба на експлозивни материи, на 10-ти овој месец во продавница во село Волково сопственост на Б.С. (46), одземени се вкупно 3.423 парчиња пиротехнички средства.

Најчитани вести