Запленети 3,3 тони кокаин во Перу

Полицијата во Перу денеска соопшти дека запленила 3,3 тони кокаин. Дрогата била скриена во пратка со јаглен и била наменета за Белгија и Шпанија.

Во операцијата уапсени се двајца Мексиканци и петмина Перуанци. Се претпоставува дека дрогата биле шверцувана за еден мексикански картел.

Кокаинот бил пронајден во една куќа во предградие на пристаништето Трухиљо, северно Перу по шестдневно следење и прислушување. Операцијата била спроведена во соработка со американската Управа за борба против наркотици.

Тоа е најголема заплена на дрога годинава. Перу од 2012 година е најголем производител на кокаин во светот.