Запленети 3 тони марихуана во Индонезија

Полицајците биле опремени со гас-маски, но и тие ги чувствувале последиците од дрогата. Меѓутоа, насобраните новинари и граѓаните ја немале таа среќа. Неколку стотини лица пријавиле вртоглавици, а оние најизложените и главоболки. Повеќето од нив одеднаш биле многу подобро расположени.

Законите за дрогата во Индонезија се престроги, па ако ве фатат со помалку од килограм марихуана, добивате од 4 до 12 години затвор. Ако, пак, се занимавате со препродажба на потешки дроги, како екстази и мет, тогаш не ви бега доживотен затвор.