Запленети 36 килограми марихуана, уапсени три лица

Како што се наведува во соопштението на српското МВР, крушевачката полиција запленила околу 19 килограми марихуана и го уапсила лицето Р.П. (60) од Брус.

Прегледот на возилото со кое управувал осомничениот октрил дека тој превезувал марихуана во посебно изграден бункер зад задните седишта, спакувана во 16 пакети.

Постои сомневање дека била наменета за продажба во странство.

На Р.П. му е одредена казна притвор од 48 часа, каде што во законски рок ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Крушевац.

Како што се додава во соопштението, шабачката полиција запленила и други 17 килограми и 340 грама марихуана и ги уапсила лицата С.М. (42) и М.М. (37), двајцата од околината на Богатич.

На двајцата осомничени им е одредено 48 часа притвор каде што во законски определен рок ќе бидат изведени пред пред надлежното тужителство.