Запленети 500 килограми хашиш на Сардинија

Полицијата во Италија денеска запленила 500 килограми хашиш во пристаништето Каљари на Сардинија.

Во акцијата биле уапсени две лица.

Дрогата била скриена во глисер што пристигнувал од Неапол и што го пресретнала интервентна единица на полицијата.

Уапсени се двајца жители на Каљари кои во пристаништето чекале да пристигне дрогата.