Крими хроника

Запленети 507 килограми кафе прошверцувани од Македонија

Запленети 507 килограми кафе прошверцувани од Македонија

Кафето било натоварено во комби возило, чиј сопственик ја минал границата преку илегален премин, но бил забележан од страна на полицајците.

Возачот Б.Т.(51) жител на пограничното село Долна Ѓурица, кога станал свесен дека го следи полициската патрола, го напуштил возилото и се дал во бегство, што и му успеало поради мракот.

Полицијата трага по Б.Т. кој ќе одговара за недозволена трговија на акцизна стока.