Запленети девизи,фалсификати,храна,облека, производи за домаќинство

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, фалсификати, сменски материјал, прехранбени продукти, облека, бандажи и разни производи за домаќинство.

Задржана е стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост, 1095 парчиња облека, 50 женски ташни, 50 фудбалски топки и 10 мобилни телефони со лого на заштитени трговски марки, заплени Царинска управа во текот на изминатата седмица во повеќе одвоени случаи.

Стоката за која постои сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост привремено е задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост

Откриената непријавена стока привремено е задржана а против сторителите покренати се соодветни постапки согласно Царинскиот закон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.