Запленети фалсификувани 17 милиони евра

Италијанската финансиска полиција заплени фалсификувани пари во вредност од 17 милиони ера и уапси едно осомничеno лице, во близината на Наполи.

„Запленетите фалсификувани пари се верна копија на оригиналот и лесно можат да бидат подметнати на голем дел од потрошувачите, поради добра имитација на филиграни, безбедносен жиг и холограми,“ се наведува во извештајот на италијанската полиција.

Полицијата забележала сомнително однесување на едно лице кое избезумено пренесувало картонски кутии во кои се наоѓале фалсификуваните пари од возило на едно транспортно претпријатие во сопствен автомобил на изолиран паркинг во трговски центар, пренесува АФП.

Градот Наполи и околината се главно седиште на сите видови фалсификат во Италија, од лажни пари до гардероба, преку чевли и модни детали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.