Запленети над два милиони таблети екстази

Над два милиона таблети екстази се запленети минатата недела во рибарски брод во близина на границата со Тајланд, а од страна на военопоморските сили на Мјанмар.

Се смета дека ова е најголемиот фатен товар со стимулитивни таблети во историјата на земјата.

Уапсени се сите 15 лица, кои се наоѓале на бродот, и подоцна биле однесени на сослушување.