Запленети петарди во Тетово

Вчера во 13.15 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, поточно на влезот во градскиот зелен пазар, од страна на полициски службеници бил извршен преглед на импровизирана тезга сопственост на А.Љ.(46) од Тетово, при што пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени се 3.586 парчиња пиротехнички средства од разновидни марки.