Запленети повеќе од 100 апарати во коцкарниците на југот на Србија

Српската полиција во денешната акција на 30 локации во Врање, Владичин Хан, Прешево и Бујановац одземала повеќе од 100 апарати за игра на среќа, бидејќи не биле фискализирани од страна на Министерството за финансии, изјави портпаролот на Полициската управа во Врање, Драган Стаменковиќ.

Исто така во клубовите биле откриени и работници кои работат на црно.

Повеќе од 100 полицајци и инспектори го контролирале Врање во работењето и плаќањето на данок во коцкарниците и автомат-клубовите.

Привремено ќе бидат затворени неколку објекти, а акцијата ќе продолжи и следните денови.