Запленети седум килограми хероин на ГП „Богородица“

Седум килограми хероин заплениле царинските службеници изминатиот викенд, во саботата, при контрола на патничко возило на граничниот премиен Богородица. Хероинот бил набавен во Истанбул, а требало да биде пренесен во Нози Пазар.

Како што информира денеска Царинската управа на РМ, возилото, со српски регистарески ознаки, а управувано од државјанин на Србија,  во саботата околу 20:15 часот е пријавено за влез во државава. Возачот рекол дека нема ништо за пријавување но при контролата на возилото во два акумулатора, едниот сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор, се пронајдени 14 пакувања облепени со селотејп наполнети со кафеава прашкаста материја. По извршеното тестирање е утврдено дека се работи за хероин со вкупна тежина од 6,9 килограми.

Царинската управа против српскиот државјанин поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Велес и тој е изнесен пред судија на претходна постапка

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.