недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 25

Запленетото „Ферари“ наменето за Македонија било нашминкана Тојота

ferari

Последни вести

Необичниот модел Ферари 360 Модена, што на 27 мај при рутинска контрола на границата со Швајцарија го откри италијанската полицијата било само нашминкана Тојота МР2 од деведесетите години.

Возилото на камион за транспорт на возила од Швајцарција што требало да пристигне во Македонија, откако било разгледано од техничката служба на Ферари се покажало дека е копија.

Каросеријата на лажното Ферари не била бојадисана и имала иста форма како славниот модел. Освен моторот, кој бил оригинален од Тојота МР2 и многу помал од моќниот В8 на Ферари, возилото изгледало како моделот 360 Модена.

Според изјавата на Фабрицио Далемо од финансиската полиција за АФП. Се претпоставува дека моделот требало да послужи како пример за изработка на други копии на лажни ферари.

Најчитани вести