Започна асфалтирањето на улицата „Тројка“ во Штип

Денескa започна асфалтирањето на улица “Тројка“ во Блок 2000 во Општина Штип.

Станува збор за улица со нови објекти, од кои дел во изградба а дел треба да се градат. Истата е лоцирана на периферија на Штип, во месноста позната како „Леваци“, каде индивидуални куќи има поимотно население од Штип, пренесува „1.мк“.

trojka2

Градежните работи ги изведува фирмата „Коле транс“ преку соодветна тендерска постапка. Улицата е долга 110 метри а широка 6 местри и има тротоар од едната страна. За асфалтирањето Општина Штип издвои 65.000 евра.

trojka3