Започна да се реализира проектот „Хуманоста наш предизвик“ во општина Радовиш

Во просториите на општина Радовиш, градоначалникот Сашко Николов одржа средба со лицата ангажирани за спроведување на проектот ,,Хуманоста наш предизвик“

,,Хуманоста наш предизвик“ е проект што ќе се реализира во текот на следните шест месеци по програмата „Општинско-корисна работа“ и којшто има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.

Програмата е подржана од УНДП, Агенција за вработување на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, а исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјални сфера треба да помогне на  лица кои живеат на територијата на општина Радовиш.

Улогата на невработените лица кои земаат учество во овој проект е поденакво голема како и за корисниците кои ги користат услугите односно им пружаат дневна грижа, здравствена заштита, медицински совет и помош, вклучување во спортски активности, изучување на работни вештини.

angazman_2

– Од вас како вклучени лица во програмата очекувам посветеност во работата и максимална ангажираност кон сите превземени обврски со договорот потпишан со општината, за оние кои прв пат се вклучуваат сакам да нагласам, дека ова е трета програма по ред во која учествуваме како општина и тоа со најголем број на ангажирани невработени лица и најголем број на лица опфатени со програмата на ниво на Република, и тоа благодарение на двете претходно добро спроведени програми од Општинско-корисна работа, порача градоначалникот Николов пред присутните.

Николов изрази убедување дека и овој проект ќе се спроведе успешно и дека ќе се создадат можности и добра основа за рееализација на идни вакви проекти од областа на социјалните работи.

Инаку, преку овој проект во општина Радовиш ќе бидат ангажирани 15 лица. Услугите во кои би биле вклучени како ангажирани лица се : дневна заштита, здравствена заштита, медицински совет и помош, вклучување во спортски активности, изучување на работни вештини, ликовни, музички и театарски активности итн.