Започна дводневниот штрајк во Грција

Вработените во јавниот сектор во Грција, вклучувајќи ги вработените во болниците и училиштата, започнаа дводневен штрајк против строгите мерки за штедење.

Во исто време, синдикатите за денеска најавија протестна прошетка низ цела Атина.

Синдикатот Адеди- сојуз на синдикати на јавниот сектор, ја обвини грчката влада, која што ги предводи конзервативците, дека зазела премногу пасивен став во најновата рунда преговори со кредиторите, кои што завршија на почетокот на оваа недела.

Синдикатите се гневни поради плановите за намалување на потрошувачката во рамки на кои што е предвидено отпуштање на илјадници работници во државниот сектор.

Грчкиот премиер Антонис Самарас вели дека договорот постигнат во понеделникот не бара никакви нови мерки за штедење.

Грција од средината на 2010-та година зависи од парите на другите европски земји и Меѓународниот монетарен фонд. Исплатата на кредитите зависи од тоа дали Атина ќе ги исполни буџетските цели и ќе спроведе економски реформи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.