Започна исплатата на обесштетувањето на настраданите во поплавите

Започна обесштетувањето на лицата кои претрпеа штети од поплавите во Македонија. Како што беше ветено на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип настраданите во поплавите добиваат стоотстотно обесштетување. На оваа тема во вестите на телевизија Сител говореше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

-Попладнево ги исплативме првите стотина, односно 120 семејства од општина Могила, општината која заедно со Новаци, Чешиново- Облешево и уште неколку други беше најпогодена од поплавите во јануари и февруари оваа година. Како што им беше ветено на жителите на овие населени места, 100 процентно обештетување на штетите што се настанати на нивните имоти, поседи, на се она што било покуќнина, како и на инфраструктурата. Во следниот период, односно во следните неколку недели ќе продолжиме со исплатата, рече Ставрески.

Вицепремиерот, покрај целосното обесштетување на граѓаните, најави дека истовремено ќе бидат обновени и сите инфраструктурни објекти што беа оштетени со полавите.