Македонија

Започна изградбата на нова станбена зграда во општина Илинден

Започна изградбата на нова станбена зграда во општина Илинден

Во непосредна близина на спортскиот центар во населеното место Марино, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски постави камен темелник на нова станбена зграда.

Новиот станбено-деловен објект ќе се простира на површина од 3.000 метри квадратни, на пет нивоа, со 25 стана и 5 деловни објекти. Зградата ќе располага со станови со различни површини и тоа од 41, 51, 60, 75 и 105 метри квадратни, како и подземна гаража.

Објектотот го гради фирмата “Ингра“, а инвеститор е Ненад Јаневски. Вкупната инвестиција изнесува 900.000 евра, а зградата треба да биде готова за 10 месеци.

Ова е втора од предвидените 4 станбени згради што треба да бидат изградени во близина на спортскиот комплекс во н.м. Марино.

Големиот интерес за овие станови, како и за градежните парцели за изградба на семејни куќи, уште еднаш потврди дека Општина Илинден, покрај тоа што последниве години е посакувана дестинација за голем број инвеститори од земјата и од странство, станува и посакувано место за живеење.